веќе (прил.) - неколкупати (прил.)

Веќе неколкупати тој прави грешки кои ја потценуваат вашата благонаклоност кон него.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сигурно веќе неколкупати се договарале кога е најзгодно да дојдат, мајката можеби излегла денеска пол саат порано од работа, но сепак се подзабавиле и за малку да им пропаднат парите што ги дадоа за тролејбуска карта.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Здодевно му е - бригадата е овде три дни, тој веќе неколкупати ја чистел пушката, го изодел селото надолж и нашир, со окцето шашливо ги измерил сите девојки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Она што се случуваше на улицата, а и овде, на катов, она што веќе неколкупати го нареков грд сон што не би сакал никогаш да се повтори, беше само дел од таа долго подготвувана приредба. Не чудете се поради употребата на овој израз.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Стануваш расеан. Ова веќе неколкупати си ми го рекол.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)