веќе (прил.) - многу (прил.)

„Аферим,“ рече тој и за грозјето, и за речта. Во мене имате пријател. Ибн Тајко го знае тоа веќе многу добро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Учениците, што дошле пред мене, знаеја веќе многу: една ноќ пред тоа некој го украл автоматот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие, иако веќе многу посурови од младината, чиниш ја криеја стежнатата глава од гајлиња, завиткувајќи ја во украсени мухамедански саруци.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Орде Годивец го оставаше почтително својот кум од десната страна, а овој врвеше полека, нога за нога, мршав и височок, со малце повиен врат и една така блага, сепростувачка усмевка на лицето, како да е некој нов Исус, што веќе многу години влече невидлив крст по бескрајна Голгота и од тоа му се повиени рамениците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)