веќе (прил.) - како (прил.)

Неа ја разбија и ја раскашавија, претворајќи ја во мочурлив терен на неговата душа токму скриените матици на воспитувањето, непрекинатите предупредувања, почитувањето на волјата на татко му, потоа на учителите, професорите во жешовската гимназија, силната волја на реб Аба Апфелблум, но и на неговите професори од рабинската семинарија прочуените Шварц, Гејер и Аптовицер, тие планини од знаење на кои веќе како студент гледаше со стравопочит; со еден збор волјата на авторитетите што го формираа него и во крајна линија неговиот досегашен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Додека другите деца кришум ги запушуваа своите први цигари и се собираа со ококорени очи да гледаат голи женски тела низ цепнатинките што ги одвојуваа јавните бањи од останатиот јавен живот на Жешов, неговиот живот се сведуваше на дисциплина, на учење и на почит.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се разделивме веќе како стари пријатели.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ИЛИЈА: Така, бабо Анчо. И јас веќе како права мајка ќе те сметам. А сега веќе време е да си одам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
И тие веќе како договорени се упатија кон долгата патека покрај паркот под Тумбекафе низ кое пролетта тукушто ги беше расцутела јоргованите.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Хегел не останува конечно во Јена, обиколува разни немски универзитети, додека најпосле, веќе како многу познат и прославен филозоф, доаѓа во Берлин, во кој останува до крајот на својот живот; умира од колера на 14 ноември 1831.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)