веќе (прил.) - двапати (прил.)

До тогаш, веќе двапати проба да се самоубие.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Адвокатот триеше раце: веќе двапати составуваше нови тестаменти, а Роска ги менуваше наследниците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оџите од џамиите се јавуваа веќе двапати, гледајќи одозгора во ноќта како буфови.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вистински посакав да му се исплазам, веројатно забележил.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но тоа се беше случило веќе: јас со сета своја неразумност, посакав веќе двапати да му се исплазам на она затруено тутуле што стоеше пред мојата врата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од денес стариот мој ќе оди на обука.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не било лесно возачки испит да се положи“, важно рече Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Чичко ми веќе двапати паѓа.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)