веќе (прил.) - воопшто (прил.)

Веќе воопшто не ѝ беше важна нејзината гордост.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не можев веќе ниту да замислам да се искачам по скалата; за трапезот веќе воопшто и не стануваше збор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Гласот му беше сигурен и веќе воопшто не се сомневав дека навистина ми зборува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не те гледам, каде си? – прашав уште еднаш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во еден миг можеше просто да подлипне, кога откри дека денот веќе воопшто не мисли ниту минута повеќе да го чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
-Будало - го прекина старецот.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Јас веќе воопшто не мислам.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа му реч дека целата работа е необјаснива. 94 okno.mk Дејв веќе воопшто не може да оди.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ваквата одлука сега веќе воопшто не беше ризична, се покажа тоа било и единственото решение.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тие веќе воопшто не можеа да мислат, да гледаат, беа изгубени до немајкаде, заслепени.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Таа не можеше веќе воопшто да оди...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сака да нè закопа!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој имаше специјален систем, суптилен и модерен и што се вртеше на сите страни и дури наопачки...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не мислеше веќе воопшто.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Од секогаш нè демне!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ме научи да се бричам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сѐ уште беше рано за вечера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој веќе воопшто и не размислуваше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Треба само да се прочитаат одредени сцени на заведување во делото на Марлоу Хероја и Леандер, или познатата сцена во Ричард III на Шекспир.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Марлоу тврди дека жените веќе воопшто не реагираат ако предолго се девици, токму како и струните на кои не се свири.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)