веќе (прил.) - статусен (прид.)

Заслуги за тоа секако има и англиската фирма Burbery, која иконичкиот моден знак го претвори во симбол на едно време, специјализирајќи го своето производство врз белите мантили за дожд. Burbery мантилите станаа митска етикета главно поради филмската уметност, особено поради детективските филмови за Филип Марлоу (главен јунак на Чендлеровите романи) или инспекторот Мегре на Сименон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во осумдесеттите години на веков реј-банките го минаа патот од бунтовништвото до веќе статусен симбол на принцезата од Монако, на пример, или манекенките Синди Крафорд и Татјана Патик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Рокенрол културата ги присвои митовите за Марлон Брандо и Џемс Дин како дел од својата иконографија, нивните фармерки, кожни јакни и реј бан наочарите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)