веќе (прил.) - споменат (прид.)

Според тоа, по двете основи би требало да очекуваме дека доколку навистина имаме работа со следење на правила, оној кој го следи правилото мора, барем во принцип, да биде способен да ги препознае барањата на правилото и да биде свесен дека ги задоволил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Според Рајт, еден од главните разлози поради кои Витгенштајн ѝ се опира на интенционалистичката претстава, е тоа што таа ја предизвикува веќе споменатата тешкотија „regressus ad infinitum”; имено, тоа што се мисли дека правилото е „во умот”, не објаснува како се нашло таму, бидејќи проблемите на препознавањето што правилото од некого бара, не се разрешуваат, смета Витгенштајн, со самиот факт што тоа е „во умот”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Точно една година од изведбата на веќе споменатиот Post Concert.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прекодирањето го донесува веќе споменатото темелно сознајно-теоретско прашање, да ли постои било што, што не залажува?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Во веќе споменатиот трактат Грасиан ја фали техниката на "извртување" на буквите и зборовите.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За разлика од Антон Чехов, Ернест Хемингвеј, Ралф Елисон и дру­гите скрибомани кои се премногу бројни за да ги наведам, јас никогаш не сум загубил ракопис (Загубен оригинал, или „Мајка на книгата” е тради­ција стара колку и пишувањето, која на Исток ја одразуваат загубените шест седмини на Ката Сарит Сагара, или Морињата приказни, а на Запад веќе споменатите две седмини од она што оттогаш е познато како Петокнижие), ниту свој ниту било чии од мојот четиридецениски товар студенти.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Прекодирањето имено со себе го носи веќе споменатото основно спознавно­теоретско прашање, дали воопшто постои било што, што не лаже?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Освен веќе споменатите дела, негова најчиста работа во тој домен е Театарскиот чин (1960), за 1-8 изведувачи, кој предвидува низа пропозиции кои наликуваат на игра (играта секогаш има општествен карактер!) низ која изведувачите треба да одберат работи кои потоа ќе ги фиксираат како улога, но така што улогата го отсликува нивниот статус во реалниот живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Исто така, еден вид театар, сличен на хепенингот, претставува музиката во која е тргната границата меѓу изведувачот и слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа посебно се однесува на неговото сѐ поголемо ангажирање во решавањето на општествените проблеми што сѐ повеќе го одвлекуваше кон театарот кадешто сите работи се случуваат одеднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Проблемот на евалуација во преведувањето, тесно поврзан со веќе споменатите проблеми на нискиот статус на преведувањето, им овозможува на критичарите да дадат своја изјава за преведените текстови од позиција на лажна супериорност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Симптомите на овердоуз се веќе споменати, а можни се и забавувањето на работата на срцето, одземеност, кома и гушење.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Периодот на депресијата во Америка, Христов го минал во Њујорк работејќи како слободен писател, притоа минувајќи низ тешки искушителни кризи што авторот ги проследил во веќе споменатиот напис: Пред Депресијата јас не знаев што се тоа тешки времиња.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најчестиот одговор на поборниците и поборничките на кусо би го резимирале вака: популарната култура само го зацврстува веќе постоечкото однесување и погледи, а ретко создава нови модели.6 Несомнено еден од критичарските евергрини е влијанието на телевизиското и општо медиското насилство врз однесувањето на (пред сѐ младите) гледачи и гледачки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Токму тоа го сторил веќе споменатиот Ганс во книгата Popular Culture and High Culture (1974), каде што сите минати и повеќето од идните okno.mk | Margina #32-33 [1996] 102 долго подготвувани трактати и пригодни изблици ги разделил во четири категории.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Според темата нас нѐ интересираат пред сѐ оние три, во коишто се класифицирани трудовите што се занимаваат со негативните ефекти што популарната култура наводно ги има врз високата култура, врз публиката и општеството во целина.5 Обвинението за штетните ефекти на популарната култура е засновано на три претпоставки: дека однесувањето за коешто е наводно одговорна популарната култура, навистина постои и е с присутно; дека содржината на популарната култура содржи модели на таквото однесување; дека затоа има негативни ефекти.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да го земеме за пример веќе спомнатиот расказ Ноќта спроти Св. Никола, кој не случајно се наоѓа на почетокот од книгава.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Откако го добив еден од последните примероци на Захариј и други раскази од раката на самиот автор, со христијански скромна посвета, се најдов во за мене сосема исклучителна и пријатна ситуација, да ме изненади едно книжевно дело со својата убавина, скромност, вистинољубивост и со веќе спомнатиот природен тон.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сепак, не забораваме дека во оваа опчинувачка, загадочна формула на опстанокот, луѓето-змии не ја поседуваат само моќта да се преобразат од еден во друг прекрасен облик на животот, туку и чудесната дарба да се вратат од конечната бездна откаде што повратокот нема за оние чиј единствен лик е човечкиот, дури и за чудотворците како веќе спомнатиот Асклепиј, кого гневниот Зевсов гром го спржи токму затоа што се осмелил да воскреснува.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Типично, како за веќе спомнатиот американски претседател, се што предизвикува смеа кај публиката, за нив е комично и добро, а она што предизвикува тага и солзи - не е комедија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Веќе спомнатиот Вуди Ален вели дека уметноста е привилегија на интелигентните и образованите, но кога луѓето полесно ќе се разбираат, таа би се претворила во разбирливо сознание на светот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога Marion Muller ја напиша својата статија во веќе споменатиот број на „U&lc” :”Се чини дека Frere- Jones e надеж за иднината”, не можела да претпостави дека тој тинејџер толку бргу ќе ги надмине неизвесностите на почетниот стадиум на дигиталната сфера и дека ќе го најде своето место во срцето на современото фонт-дизајнерство. Frere-Jones уште од самиот почеток знаеше дека фонт- дизајнерството не е уметност која изумира, како што анти- компјутерските луѓе предвидуваа дека ќе се случи, туку дека ќе остане извор на креативно задоволство, интелектуална стимулација којашто има и значаен јавен интерес.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Инаку, тука за прв пат, експлицитно се воведе и обврска на работодавците за заштита на личните податоци на работникот (чл. 44, ЗРО/05); 14 г) договор за вработување со пробна работа (чл. 60, ЗРО/05) – при што, времетраењето на пробната работа не може да биде подолго од шест месеци, а работникот има право да се откаже од овој договор, при што е должен да остави прилично краток отказен рок од само три работни дена; д) веќе споменатиот договор за волонтерски стаж (чл. 61, ЗРО/05);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Помошниците од оваа страна, на господинот Призрак, се викаат: Бедмен („човекот“ што настанува во соништата, или на психоаналитичарските каучи... - така се зборува); потоа доаѓа Мики Хаос (како и за Пајо Ентропија и Роџер Ребит, се претпоставува дека Мики им избегал на црта­чите како вирус на лаборан­ти­те; други, пак, мислат дека Мики Хаос наста­нал под ста­клено ѕвоно, из­ло­­жен на влијани­ето од јаглерод, натриумови соли и графит, додека се симулирал Големиот Траскот...); третиот и последниот (но не на крајот од ланецот што се врти во круг!) е веќе споменатиот господин Јанус, кој скоро сигурно е човек, но со две глави, за разлика од Дипигус.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа се трите главни помошници на господинот Призрак.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Токму тој е вториот автор -- идол на младиот Бредбери, покрај веќе споменатиот По.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кејџ директно во Мозокот ! (Напомена: Изоставените делови (поради повторување на веќе споменати работи) се јасно видливи во текстовите.) Ова е текст од говорот одржан на собирот на Уметничкото друштво на Сиетл кој во 1937 го организираше Бони Бирд.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Додека грозоморното ехо не се стопи со чадот и неколкуте лоши акорди, таличнотомовската фаца најпрво се претвори во невина фацка на судски прислужник, потоа несреќно еволуирајќи во интригантска фаца на адвокат, и којзнае, можеби и ќе се појавеше новото лице на убиецот на Сузана Спасовска (или на Тони Маркс) ако во меѓувреме не влезеа, веќе споменатиот Г. Н.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)