веќе (прил.) - свој (прид.)

Во подножјето на Беласица ја извиваше веќе својата вита снага каналот, грмеа експлозиите на последните мини.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тие имаа завршени стручни училишта, работеа и студираа, беа веќе свои луѓе а беа и во можност не само да обезбедат леб за своите семејства туку и да помогнат со понекоја пара за нас, помладите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Ја запознав својата глупост и немам веќе своја работа да свршувам! Дланката на Глигор падна врз челото на Арсо. - Гориш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)