веќе (прил.) - отворен (прид.)

Двапати веќе отворена беше; остануваше само уште едно отворање.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А на него неколку пупки, црвени, набабрени, и две веќе отворени цветчиња.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
До доцна во ноќта Камилски пребаруваше во веќе отворените речници османски заемки од областа на архитектурата и урбанизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поаѓајќи од фактот дека Турците стигнуваат на Полуостровот пред развитокот на градовите, нивното влијание ќе биде посебно означено во главните архитектонски решенија на балканските градови и другите аспекти на градскиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)