Пред да излезам ѝ реков дека сум растревожен, дека ѝ сочувствувам, но дека вината не е во нас; а потоа мислам додадов нешто како понорницата не е виновна кога наеднаш ќе се најде во темница па ќе мора да се провлекува под земјата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Можеби и затоа зашто кога ќе ги затворам очите и ќе помислам на Дуда, ја гледам седната на масата загледана во проѕирното перде зад кое веќе остарениот белогардеец Пјотр Дроздов ја подготвуваше скарата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Тие, Алиловите потомци, раскажуваа дека додека едни од нивните одамнешни соплеменици работеле како аргати по чифлизите, други ковале српови, дупчеле решета, потковале коњи, трети, жените и децата, вражале и краделе по селата, тој, ли, некогаш убав и силен ковач, тогаш веќе остарен и ослепен, останувал во чергата, а со него, за да го чува, Шава, прекрасна и немирна девојка.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)