„Не“, рече Винстон. „Не знаев дека е веќе објавено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Пред Борко имав чувство на вина ако проговорам за моите дилеми околу некоја моја идеја, уште повеќе ако покажев радост од веќе објавен текст.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Планот за мојата сага по напишаните Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј, Балканскиот клуч и преведени на француски јазик, ги опфаќаше и веќе објавената книга на македонски јазик Патот на јагулите, па другите кои беа во тек на пишување романите Тврдина од пепел, Ервехе книга за една мајка, па Љубовта на Генералот, Мајчин јазик и Времето на јаничарите...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Нам ни преостанува само просторот на француското јазично подрачје, да се претставиме со нашите различни светови, со нашите разлики, но се разбира да бидат прифатливи и стилски култивирани.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)