веќе (прил.) - нов (прид.)

Пензионираниот железничар мораше секогаш одново да ги проучува автобуските линии, што водеа до веќе новите гробишта.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Жалбена постапка до повисокиот, второстепен Апелационен суд – Скопје немаше, но спроведувањето на веќе правосилната и извршна пресуда, наместо доброволно, беше присилно т.е. беше извршено преку извршител (Б.Пљаков), согласно тогаш веќе новиот Закон за извршување (2005).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3 Бидејќи тужениот работодавач не ги оспори пријавените побарувања на својот работник –  следуваше судскиот совет (во состав од судијката Л.Тодорова –  претседател и судиите- поротници Е.З.Тосева и А.Петрова – членови), по одржаното советување и гласање,4 во ноември 2007, да донесе позитивна пресуда врз основа на признание со којашто го усвои тужбеното барање на тужителот и го задолжи работодавачот – по основ на надомест на претрпена материјална штета – да му исплати: а) 16 неисплатени плати [за периодот од јули 2005 до октомври 2006] во единечен износ од 7.866 МКД – или вкупно, по овој основ, сума од 125.856 МКД (о. 2.065 ЕУР); и б) 16 неисплатени придонеси во ФПИОМ, за истиот период, во вкупен износ од 47.209 МКД (775 ЕУР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
а кога ќе излезеш на горниот крај од планината, долу веќе нова шума пролистала, млада младица, кревка, марула, други ластари се подале и ти само се преместуваш и пак јадеш, само по една широка бука за сенка си оставаш, и јас не сакам така да мислам, вели Стеван Докуз ама нешто ме тера, којзнае во која длабина е скриено тоа што ме тера, дали некаде во мевот, или уште подалеку и подлабоко, а јадењето не е еднаш и не е за еднаш, кога би можело да се најадеш само еднаш и тоа цел живот да ти држи, сто години да не мислиш за јадење, само си работиш, ама зошто да работиш тогаш, си мислам, што ќе правиш со сработеното, ќе се чешкаш, ќе се чешлаш, и зошто ќе ти служи устата, зар само за да ја поганиш, и таа треба со нешто да се подмачкува, да се проветрува, ќе ти скапат забите од неџвакање, од неработа, ќе ти фати пајажина, вели Стеван Докуз и џвака некое чкорче, го толчи, го цеди, а јадењето никогаш не му се познава, никаде да му се види јадењето, дали нешто во него му го јадеше, дали за два-тројца јадеше или му го земаше некој црвец, некој скриен молец во него или некоја друга заседната болест,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неговите сиви алишта не изгледаа веќе нови, беа стуткани и искапани, со искинати копчиња и распарани во рамениците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мрачно е пак, повторно ѕидот уши има, лево песна тече за почеток нов низ живот, горе веќе нов живот има, а овде долу плачта повторно свое лице повторува.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)