веќе (прил.) - друг (прид.)

Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но тоа е веќе друга работа: всушност, тоа е спротивна работа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но на отец Иларион душата му се исполнуваше со милина што таа е веќе друг човек.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Уште едни солзи не ти се исушиле, а веќе други ти дошле.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ти утре можеш да се прежениш, а мене сестра ми не ми раѓа веќе друга.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Го паметам Кошевски; ќе слушнеш за него некогаш можеби сешто, но тој беше голем патриот и вистински човек. Дури и единствен.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А за подоцна, тоа е веќе друга приказна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Врз него се имаа насобрано неколку мравки, а од околу веќе други итаа да им се придружат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- И пак гноење на нивите и пак орање, вели Мирче, една работа завршуваш, и само што си се обѕрнал, - гледаш веќе друга работа те чека...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)