Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Какви риби - му велит таја - какви риби бараш да ти сум зготвила?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Како да било, било, а тој видел веќе рибите со очите си и завервал.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Жената и пред ними викала: - Да видит господ!...
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)