И немаше веќе волја ниту да работи, ниту да застанува крај прозрецот да гледа надвор, да го набљудува менувањето на времето, денот, и промените во природата, зашто чувствуваше дека сите тие промени сега се одвиваат во него: и разденувањето и стемнувањето, и наоблачувањето и разведрувањето и судирот и хаосот на ветровите, и талкањето на маглите.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тој сѐ уште настојува да си ја дополни својата архива со документи, а и со усна историја, како што вели самиот, но јас немам веќе волја да се среќавам со него, ни со некој друг, за пак да се враќам на почетокот.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)