Пред портата борбата не траеше малку. Аскерот се собра десет на еден бунтовник, та макар со скапи жртви, за неполни дваесет триесет минути веќе секој бунтовник имаше врз себе десет и петнаесет војници.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Но од моја страна ќе беше сосема нечувствително веќе секое задржување, не сакав премногу да ги жалостам срцата на милите роднини. Проклет да бидам, таков сум по природа не сакам да останам ни минутче каде што не ми е местото.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Веќе секое дете од улицата знае за него.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Еднодушно го одобрија планот сите и веќе секој пајдос и по два пати се враќаа во клозетите со по едно ќесе земја врзано за учкурот од гаќите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уморна е веќе секоја клетка од телото, не земај парче од целото.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Радоста беше неопишана кога после два три месеци навистина удрија на ќунците од ѓеризот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)