веќе (прил.) - никого (зам.)

СИМОН: Никој веќе никого не сака. Љубов водат само кучињата и Циганите. Останатите пресметуваат проценти.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Никој веќе никого не може да излаже!
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Немаше веќе никого по нашите скали, ниту во нашиот дуќан.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И веќе никого не познава за да му прераскаже Колку сонца и колку месечини памети, Отаде кои мориња и луњи и отаде кои боишта и копја Се враќа Веејќи се како црно знаме низ времето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Никој веќе никого не слуша, никој никого не сака да служи. Нема веќе келнери.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)