веќе (прил.) - сум (гл.)

Од малкуте среќници во овој град Господ те избрал тебе!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имам само 14 години, а веќе сум висок 185! (Од фрижидерот вади шише до пола наполнето со млеко) За само 3-4 години ќе имам повеќе од два метра!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе сум меѓу многу народ. Во толпа која може да се разбранува така што ќе ме стегне, ќе ме исцрцори и ќе ми ги дроби коските земајќи ме низ нозе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Толпа луѓе, мажи и жени, мислејќи дека веќе сум се вратил од кај црквата, се собрале пред куќата и извикувале закани и клетви.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден пријател, решението да заминам од главниот град, за да бидам таканаречен слободен уметник и градител, со добри намери и со полно срце, да им помогнам на луѓето во Маказар, местото каде што дојдов, каде што веќе сум, за работи што им требаат, а тие не можат да ги сторат, ја нарече судбоносна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас не знам унгарски, освен една детска песничка што ја научив од неа, а која веќе сум ја заборавила.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Она на сите толку добро познато чувство кое, посебно во нашите соништа, нè наведува за некое место или пејсаж да помислиме: ова ми е познато, овде веќе сум бил, познатиот deja vu ефект, исто така заслужува да биде опишан(о) со зборот unheimlich.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
- Па таа веќе сум ти ја кажал, - ќе се опира дедо Спасе. - А друга ваква не знам.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
А реков, нели, кога почнале да ја градат црквата веќе сум шетала негде и тоа по фустанче! Иди па верувај им на приказните!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
"Животот го следи само она што нашето залагање настојува да го оствари; затоа залагањето упорно им се нуди на нашите раце и на нашиот ум; им помага тоа да го сторат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и сознанијата до кои божем доаѓам не поминуваат без многу прашалници.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не, не станувало збор за да втасам на некое неодредено место туку за да се вратам во тоа мое утре во кое некогаш веќе сум бил?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние самите сме ковачи на својата судбина". (Ова е онаа втора порака, што ми се насмевнува од темнината...) Знам, ќе си заминам и тоа речиси пеш од таа изодена приказна на мојата младост, а малку понесов како утеха и како искуство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од многу причини највистинита ми се чини приказната на четвртиот глас: дека мајка ми можам да ја пронајдам само помеѓу девојките од Горномаалските анови, каде што сум била заборавена, но само од мајка ми а не и од другите девојки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кој е и зошто се крие, ако јас веќе сум потпишал дека ќе се согласувам со него?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Со тоа е готово“, рече; „Јас веќе сум активист“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оф, дебам мајче, си мислам, веќе сум станал Србин, сум напреднал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак чекорев со сенка на продуван страв врз тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој не анае дека јас веќе сум...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Знам ќерко дека тоа боли, но јас веќе сум си ја подготвив дури и рубата за тој пат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но, тој се занесува малку повеќе отколку што треба. Мисли дека ако двапати сме излегле заедно, веќе сум му девојка...
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Значи, веќе сум бил на твојата озборувачка агенда.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас, кој веќе сум бил по сите болнички соби, овде и насекаде, јас ти велам: твојата рана не е толку тешка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Навистина е така, понеси го таму, преку другата страна, чесниот лекарски збор.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Синчето не се предава: го повторува прашањето илјадапати, не дозволува поука, се дрзнува да допраша.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Отпосле ќе прашаат кој е на потег, ама јас веќе сум подзаборавил на играта, сум ја нарамил пушката, излезен сум во дворот и тргам на чкрапецот кон секаде: дум дум дум!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога веќе еднаш ќе помине бурава? Нека стивнат тие диви ветришта, веќе сум уморна. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мразам кога некој ми соли памет за нешто за кое веќе сум изградила разумен став.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И ме вратија од мртви - буквално, ми рекоа дека во еден момент веќе сум бил готов.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Јас не успеав да ти кажам дека веќе сум оженет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Чиста лудост!“ „Веќе сум уморен.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ова го спомнувам само затоа зашто сега веќе сум сосема сигурен дека токму тоа беше оној клучен момент во мојот живот што подоцна секој ден грижливо ми ја отчукуваше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, понекогаш ми се случува и да се посомневам во она што веќе сум го рекол.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Наеднаш ќе ме опседне помислата дека не сум во состојба да ја разлачам лагата од вистината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веќе сум ни тука ни таму, што се вели, никаде не сум.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едно време веќе сум сосема смалена, речиси залепена за земјата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Веќе сум замалена, предадена, кога ме извлекоа од под коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Велат дека во страдањето душата поцврсто се држи за телото, но јас веќе сум станала неотпорна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Па во VII б веќе сум запишан“ рече Влатко, „таму имало празно место, некој се отпишал“, се ракува со сите и седна помеѓу Филип и Жарко.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќе ѝ принесевме сини цветови што ги брал Александар Македонски покрај Златна Река Таа ќе речеше: тие цветови веќе сум ги носела в пазуви...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
ЈАКОВ: Отсега натаму можам да не кажам веќе ни збор, но не можам да ги немам кажано оние кои веќе сум ги кажал.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Па, веќе сум голем, ќе си легнеме со Бреза и ќе си заспиеме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека сето тоа си го мислев, беа да ѝ го кажам на мајка ми, таа стана, ме праша дали веќе сум ручал, како она за што до пред неколку минути разговаравме, воопшто да не сме го зборувале.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да ти се множат годините, ама тоа веќе сум го решил!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
-Ах- воздивна Мила – веќе сум казнета и сега мие сосема сеедно кога ќе се вратам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова го кажа олеснително и мене ми се стори дека е задоволна што го пречекорила договореното време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Понекогаш не ми се оди, но штом ќе стигнам таму, веќе сум сигурна дека не сум згрешила што сум отишла.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Бато, може да ми дадеш едно пенкало, моето престана да работи! – ќе му речам, влегувајќи ненадејно кај него, и додека да се сврти, веќе сум блиску и ѕиркам преку неговото рамо.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу ми е убаво. - Е, па, добро, тогаш нека остане за подоцна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)