веќе (прил.) - стаса (гл.)

Од попот доби благослов и наредба да оди во црквата, да ја земе кадилницата, оти и жарот веќе стаса во оганот. Со кадилницата в раце дедот поп и Кушо влегоа в црква.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но очигледно, беа веќе стасале на целта.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И веќе стасаа сите манџи. — Ајде, сега, да се поруча! — им вели на Доста и Илка, кои беа се стиснале до ќошот и нешто си шепотеа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)