веќе (прил.) - спие (гл.)

Пискулиев се довлечка до дома. Орде веќе спиеше.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Внатре е пеколна жештина. Жена му со детето веќе спие, а тој се гледа пред големото огледало во бањата.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ги подавал рацете кон првиот ден на својата младост, барал 'ржени ниви Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)