веќе (прил.) - постои (гл.)

Можеме да бидеме прилично сигурни дека тој никогаш нема да умре, а веќе постои голема несигурност и околу тоа кога е роден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе постои голема и безнадежна армија на полнолетни зависници од крек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Сепак, за го разгледаме вистинскиот општествен контекст на употребата на крекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А технологијата потребна за тоа веќе постои.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Освен раскажувањата, макар и многу површни и колебливи, во моето семејство од колено на колено, за мојот предок, а исто така и меѓу жителите на селото, во овој случај имаше барем две совпаѓања: прво, човекот што го споменуваше Јохан Барт под името „Поцо“ беше од Маказар, од каде што потекнував и јас, а и парчето метал со написот „Поцо“ се најде во Маказар и второ, се потсетив и на тоа дека мајката на Надежда, старата, во една прилика пред да почнеме со копањето на бунарот, ми рече дека, според нејзиното сеќавање на раскажувањата на луѓе, на тоа место некогаш веќе постоел бунар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ѝ се наметнуваше уште едно, потешко прашање: дали можеби кај неговите родители, во нивната куќа, или во нивниот град, или било каде, веќе постои негова жена? Можеби и деца?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во овој случај, конкретниот работник има право на годишен одмор со т.н. минимално времетраење, кое не може да биде пократко од десет работни дена; б) договор за вработување со скратено работно време кај по- веќе работодавачи (т.н. двоен работен однос) – којшто има за цел постигнување на полното работно време определено со Законот (чл. 49, ЗРО/05 – иако слична одредба веќе постоеше во чл. 39 од ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
По што ценам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, и тоа е храброст, ама од еден друг вид, иако јас, со својата женска памет просудувам дека таа Пелагија, во колку воопшто веќе постоеше, не заслужуваше такво однесување и толкава верност од негова страна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)