веќе (прил.) - одживее (гл.)

А потоа ќе се облечеме и ќе стоиме меѓу песот и волкот и ќе чекаме вечерта да ни тропне на врата и ќe ѝ дозволиме да нè поведе со себе, онаму каде што ни е местото, во мигот веќе одживеан, во минатите животи, овде и сега – којзнае? 2000.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Химна на животот Семето на својот врат си го носи клучот на животот кој ќе го проживее откако претходно ќе никне од себеси за големите искушенија низ кои допрва ќе минува - тоа никого и ништо не прашува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Семето добро знае: ако тргне кон своите - своите веќе одживеале, ги нема, за да тргне кон себеси - и самото треба да исчезне...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)