И дури се спремија, ги расподелија бомбите, ги спремија багажите и навртеа под цуцката да го заземат положајот, денот веќе попрекрши, а и потерите веќе наближија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Сега ќе требе голема тишина од наша страна, да не не разберат оти сме на цуцката и да се соберат од сите страни, да го зголемат обрачот та да не можеме да го скинеме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А ваквите настојувања беа толку присутни, и беа толку грдо поттикнувани токму од луѓето од кои Јана зависеше!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Но како да му помогнам додека чувствувам како ме измачува помислата дека не сум во состојба да го запрам времето и дека веќе наближува некој друг ден, некоја друга ноќ, а тогаш Јана ќе биде сосема друга жена, поинаква од онаа што тој ја познава, и дека тогаш ќе му припаѓа на некој друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Главниот обрач идеше со пушките на готово по нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Оставете ги зајадувањата, ами да поразмислиме за главите, оти ене и агите, веќе наближуваат, — ги прекина пак Толе сред заострениот разговор.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)