веќе (прил.) - мора (гл.)

Совет: ако веќе морате да пушите, обидете се да пушите што помалку и префрлете се на цигари со помал процент на катран и никотин. превод и подготовка на тематот: Нора Палмер 140 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Затоа, ако веќе морате да купите, купете од некој што го познавате или од веќе проверена роба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Јас морам да одам! - Веќе мораш да одиш?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пак го почувствував она истото, како кога разговаравме со татко ми - во сите овие мои борби - ако веќе мора да биде некоја, тогаш најдобро таа, Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако веќе мора така да биде, татко ми да се ожени, тогаш најдобра од сите ми изгледаше учителката Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Пред да стапам во брак немав никаков интерес за готвење, но кога веќе морав
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таму немаше чирак, и Бошко важно се дуеше, додека пазарџиите, дојдени да си купат нов самар или да го закрпат стариот, се шегачеа на негова сметка сѐ до попладне, кога веќе мораа да се вратат в село.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Се извинувам, јас веќе морам да одам.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Општествените дејства на машката геј-култура, конкретно на нејзините иницијациски практики, ќе морале да надоместуваат за таинствените, елитистички одлики на оперската форма кои, во спротивно, ќе ја ограничеле способноста за нејзино доживување само во кругот на културно софистицираните.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Членовите на мојана тогашна вежбалница не може, сѐ на сѐ, да се опишат како крајно култивиран свет – како луѓе од кои нужно би се очекувало да ги знаат уметностите воопшто, а поконкретно класичната музика, а камоли да ги знаат изворно на италијански сите либрета на Вердиевите опери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За да можеше таа алузија на Аида да им значи нешто на своите читатели, во тој свој општествен контекст, многумина припадници на локалната геј-заедница ќе морале да се имале здобиено со значителна претходна културна наобразба.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите читатели на плакатчето ќе морале веќе да биле запознаени, несомнено еден по еден, со одредени аспекти на великата опера, ним веќе морало да им биле објаснети значењата на одделни зборови и ќе морале да биле воведени во еден посебен универзум на чувствување поврзан со еден особен начин на кој ја живееле својата хомосексуалност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Не ми се оди сама, а утре рано, веќе морам да го имам напишано текстот за него. Ајде, облечи се.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Зоки сега веќе мораше да си подголтнува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Брзина на светлината - Cour carré - Како што затвореник излегува на прошетка под надзор, сам и молкум да се насладува горко на дневната светлост инаку обична, тогаш света; како што несвесното си го подава грбот на есенското сонце да се згрее а лицето да остане темно, како Месечина од онаа страна на видливото; како што затрупаниот бунар посесивно и со мака ги чува подземните води усовршувајќи ја мајсторијата да ги заташкува трагите и да создава привид на секнат извор; како што квадратот е круг, и крст и триаголник, удвоен симетрично и синхронично; како што жената си краде од сонот за да добие време за да биде „нешто повеќе"; како што нема добивка ако нема загуба како што нема сенка ако нема предмет ; како што медитацијата бара отсутност при подотворена свест за светот и душа а енергијата е материја помножена со брзината на светлината на квадрат - така дворот врамен со ѕидини желно кон небото над Лувр зинува се простира префинето како акт на Роден или можеби на сестра му, Камила со намера да го покаже замислениот ерос на торзото видено одзади метатеза на тихоста манастирска и метрополска; - така стихијно надоаѓа тихиот дожд желбата да бидам во средиштето на симетријата бесконечен и рамнодушен број ослободена од суета, од неразумно самољубие зашеметена од ненадејната рамнотежа на крстот, на квадратот, на кругот и да се успокојам, ако веќе морам оти со толку тревоги од различно потекло добивам порив да излезам од себеси а потоа како ќе се сложам и составам во едно, знам ли?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)