веќе (прил.) - вреска (гл.)

Тогаш жената со девојчето на раце, веќе врескајќи, бегаше некаде напред.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Трескотеше потавмина продолжувајќи да го меле стаклото. Притоа и тој веќе врескаше некоја своја нечујна исповед.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)