веќе (прил.) - види (гл.)

Митра веќе виде оти се стори оваа работа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едно мало купче веќе видов над куќата, под патот што врви кон Стрелеско, на отворениот простор кон ридот. Но не се задржав да мислам на тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ја сопнувам тишината: - Што да се создава понатаму, по галерии некрофили велат: „Сѐ е веќе видено“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во таа сцена, слаткиот геј-дваесет и нештогодишен дечко, клубољубецот со патриотски чувства, со романтични копнежи и со републикански ставови му се фали со својата нормалност на еден триесет и нештогодишен панкер кој има сида, за најпосле, носталгично, вака да си го моли постариот познајник: „Покажи ми го Вилиџ“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дознав за неа дури кога морав да загреам столче за да можам првпат да го предавам предметот „Како да се биде геј“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа инстинктивна трка до дното, тој импулс да се идентификува со скандалозно срамотното и со гротескното, може да објасни зошто, како што понекогаш се жалат феминистките и како што веќе видовме, кампот особено ужива и систематски ги експлоатира најабјектните, најпретераните, најнедостоинствените верзии на женственоста што може да ги смисли една мизогина култура.201 Во една таква култура, дури и гламурозните жени имаат во себе нешто карикатурално.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
На крајот на краиштата, Џуди Гарланд баш и не ѝ беше некоја икона на мојата генерација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Уште од 1970-тите, како што веќе видовме, геј-мажите си прават генерациски споредби во своја полза помеѓу убаво приспособените геј-тинејџери или луѓето по дваесет и некоја година, кои немаат потреба од геј-култура, и оние, постарине кралици што ѝ се фанатично приврзани.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Разликата меѓу трите набележани етапи можеме полесно да ја развиеме врз основа на особеноста на поединечните заплети, што јунаците ги фрлаат во низа од настани: во „39 скалила” јунакот е без вина осуден за убиство, нему жртвите пред смрт му ја пренесуваат сокриената достава, а исто така, оставена му е таинственоста; јунакот станува носител на прераскажаното знаење; во „Саботер” се трага по банално поттикнуваната вина, јунакот едноставно е неправедно обвинет за саботерскиот пожар во фабриката за авиони; во „Север-Северозапад” како што веќе видовме, станува збор за замена на идентитетот, јунакот од страна на злосторниците е идентификуван како личност која во вистинскиот живот не постои.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Возможно ли е еден автор кој, како што веќе видовме, произлегува од една автентична говорна традиција, да учи толку интензивно и темелно кај други автори, особено кај оние што произлегуваат од една средина што не е, ниту духовно, ниту материјално, негова, иако е по многу белези блиска?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во октомври 2005 Костадиновска, заедно со други вработени, е прогласена за технолошки вишок.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, тоа не се случува, а празните ветувања на директорите, во сите овие месеци, се покажуваат како уште една нивна вешта лага и манипулација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Односот на директорите по ова прашање е веќе виден.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)