Штом ќе им дадела знак на селаните од околните села дека Господ внимава на нив и на нивниот премор, штом ќе го замолела Господа да ги благослови житјето, овошките, рибите во езерото и водите езерски послани до манастирските бедеми, таа се повлекувала во својата келија, ги земала бројаниците, коленичела и молитвела, молејќи ја Пресвета Богородица да ја престори ангел, кој вечно ќе ѝ служи и ќе ѝ се поклонува: Пресвета дево, Владичице наша, Богородице, мајчице наша, мојата молба услишија, во ангел престори ме, со светлина дари ме, со чесен и небесен подари ме, Пресвета дево, мајчице наша. Алилуја. Амин.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на 'ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите нејзини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Со лепило ќе ги залепам и ти вечно ќе имаш спомен на чедото твое; таа слика гробот нејзин ќе го краси за вечни времиња.“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се чинеше дека немаат крај, се губеа некаде во мрачната подводна далечина. – Јас вечно ќе ги цицам соковите на земјата и, еве тука ќе ги исфрлам, како в море ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Најдобро никогаш да не го завршиш, вечно ќе останеш млад и надежен.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
А кога лежев крај тебе под трепетливиот покрив на ’ржените класја мислев дека моите корења длабоко се впиваат во земјата и ги цицаат во себе, во мене, сите незини слатки сокови и дека ти вечно ќе бидеш крај мене, секогаш иста - разбушавена и румена. Врела.“
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Вербата дека вечно ќе бидат помнети твоите толкувања на соништата, на човековото несвесно, на нагонот за живот и нагонот за смрт?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Тоа ли е твојата утеха? Помислата дека вечно ќе живееш преку своите дела?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Не ќе се смирам и вечно ќе патам за едно минато...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Зар нема веќе да ме поризаш, зар вечно ќе ми бидеш лута?
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)