вечерта (прил.) - го (зам.)

Вечерта го пречека дома.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ама јас уште вечерта го навабив Чако да го врзам, да го скријам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечерта го сретнувам капетан Мирковиќ, застанувам мирно и му велам: - Решив, господин капетане! - To je твоја ствар, ми вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Вечерта го однесе во старата куќа со триста чардачиња и со меѓувраќе со чкрткави подови и со миризба на тафтабити, каде што имаше собичка тој, а жената, што ги издаваше собите, го прими на стан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Вечерта го видов агентот како се движи по улицата и гледа со светкавите копчиња под виснатите веѓи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Никој не смееше ни оган да запали таму; само да се зададеше троа чад оттаму, од кај гората, сите поттрчуваа натаму за на самото место да го фатат непослушникот, а вечерта го изнесуваа на срецело и го срамотеа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)