вечерва (прил.) - има (гл.)

Ќе мораме да ги известиме сите од бандата, вечерва имаме закажана тепачка на Чешмиче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Месечината и вечерва има облик на срп и од далеку се познава дека е носталгична по изгубениот чекан.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Нека ме испцуе, ако сака и нека ме избрка, вечерва има да се реши ќе станам ли мајстор или не.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прочитувајќи му ги чувствата, таа го охрабри: - Што и да се случи, вечерва имаш право.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)