веројатно (прил.) - веќе (прил.)

Почнав да ѝ објаснувам дека печената пастрмка е веројатно веќе изладена, но таа нежно ме замолува, допирајќи ме со показалецот по усните.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако, што се однесува до името, возот веројатно веќе го сменил, ако сеуште не го сместиле во правливата сала на некој историски музеј.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не би било весело филозофите да бидат спонзорирани, кога би ставале разни маски, но тоа веројатно веќе е случено.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Веројатно веќе ја наслутуваше намерата на злочестата сопатничка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Помислив дури дека ќе бев среќен да знаев оти некој млад и онолку срчен колку Иван, се има упатено да ме бара.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Важно е да не личат на комшијата“, се засмеа Огнена и во неконтролираната веселост што божем ја беше зафатила ја шлапна мајка ми по коленото во знак на некое пријателство или нешто слично.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби токму оттука, од ваквото разбирање на разногласијата што се надвикуваа во мене, беше поттикнато и она мое решение што сосема неочекувано му го соопштив на Ивана: дека можеби најумно ќе биде и јас да дојдам со него до градот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако бев едно од оние суштества со кратко паметење веројатно веќе ќе сметав дека детето е од мојата крв.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Другарите веројатно веќе ме чекаат со нетрпение на игралиштето за фудбал.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бреза им зборуваше нешто на своите „деца“ во нејзината соба, веројатно веќе заборави на немилата случка.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Полиците на кои стоеја книгите, се разбира, беа бетонски. (За кориците на книгите веројатно веќе претпоставивте.) Телевизорот, одлично вклопувајќи се во ентериерот, беше бетонски, па се чинеше дека постојано емитува една иста програма.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)