веројатно (прил.) - негов (прид.)

Кога Дејан, неговиот колега од секретаријатот и веројатно негов најдобар пријател на работа, му кажа дека од седумината од групата на Дарко, тројца работеле за гардиската тајна полиција , Петар почна уште повеќе да му се гади.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Веројатно неговата блискост со Господа го спречува да ми се приближи, си помислив. Знам како изгледаат работите гледани од високо.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
СКИТАЊЕ ПО БЕЛ СВЕТ ДОДЕКА со колата минував низ Булоњската шума, на еден крстопат, пред црвеното светло на семафорот, ме престаса еден „Фордкапри“, кој го возеше млад човек, а до него седеше русокоса жена, веројатно негова сопруга.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бојана ја затекна како разговара со еден гардиски мајор и веројатно неговата сопруга, облечена во бел смешен фустан која покажуваше убава фигура, откриени раменици и кожа искварцана во солариум.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Срдечно се поздрави и следен од некој џин, веројатно негов телохранител, нè воведе нас двајцата, новинарот на италијанскиот Messagero, неговиот преведувач и потпретседателот Мацура, во една мала просторија во која започна нешто што требаше да личи на интервју.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Набргу се најде на дофат на девојката, но патот му го блокираше еден огромен прол и една речиси исто толку огромна жена, веројатно негова сопруга, кои како да формираа непробоен ѕид од месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)