веројатно (прил.) - им (зам.)

Компакт-диск технологијата, како на пример CD ROM, веројатно им овозможуваат на корисниците да комуницираат со текстот на тој начин што им даваат алтернативи и ги оставаат да одлучат што е значајно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа веројатно им се броеше како заслуга за партијата, факт кој требаше да се памети, ако, партијата стигне до парче власт.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И така веројатно им ја олесни работата на локалните комунални служби.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
-На сите други учесници, мислам пред сѐ на моите врсници што ме исмејуваа, она што се случуваше веројатно им наликувало на скеч или на хумореска во која, за жал, јас бев исмејуваниот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум сигурен со каква цел но иследникот повеќепати побара да ги повторам имињата на децата што ме исмејувале. (Се разбира сега веќе не стоеше кај прозорецот туку повторно се беше вратил кај бирото и сите имиња што ќе ги спомнев грижливо ги запишуваше).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Интересен случај - не пропушти да прокоментира.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега, во писмото, веројатно им пишував за она што ми се случуваше тука.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Тоа веројатно им се случува на оние што се болни.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој веројатно им припаѓаше на најупатените лица ако не и најупатениот во тајните на темнината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со ставовите што ги застапував пред мојот пријател Господ сакав само да му укажам дека на властите веројатно им се познати размислувањата на некогашните команданти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И овој разговор всушност настана откако Господ Саздов се обиде да ме запознае со причините за нивното разрешувањето од должностите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)