веројатно (прил.) - сфати (гл.)

Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетка ми, бидејќи е сепак добра и умна жена, веројатно сфати како изреагирала и побрза да ми се извини и да ми објасни што се случило.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од овој аспект, чинот на вандализам на Бренер - веројатно сфатен како критика на капитализмот - може да се разбере како уметнички проект, но, што се однесува до мене, како безнадежно беден чин.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ако е точно тоа што го тврди Дарио Гамбони дека своеволното уништување на уметничките дела е законска тема за историчарите по уметност и критичарите, тогаш, секако, ваквите чинови мора да се проценат и вреднуваат, секој според своите специфични услови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)