веројатно (прил.) - нема (гл.)

И јазикот, замрсен и сугестивен, се појавува на екранот само во одредено време, додека трае филмот, за тие седум минути, и со упорност на недофат­ ливото спирално движење, набљудувачот веројатно нема да биде во состојба да го протолкува доживувањето на самиот филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Веројатно нема сомневање дека Пикасо - и како сликар и како „иноватор“ - е поголем мајстор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Додека стоевме во тремот дури одбегнуваше да праша каде лежи; во која просторија е сместена?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако не беше така веројатно немаше да си го поставам прашањето: зошто Даскалов го одлага моментот на средбата со мајка ми?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Скопските раскази немаат претензија да бидат сеопфатен приказ на сите раскази воопшто, напишани во чест на градот под скопското Кале, кој лирски тивко пулсира со своите мали сништа на двата брега од реката Вардар, а веројатно нема да го понесат ни епитетот „прв” и „единствен” проект од ваков тип.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тој е оддалечен од централното подрачје на градот - од најблиската железничка станица се пешачи петнаесетина минути, а влезницата чини 17,5 долари; на просечниот Јапонец, кој во уметнички музеј оди еднаш на две години, МОТ веројатно нема да му се види ни доволно евтин, ни доволно убедлив. 140 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- А не прашувате со кои пари ќе ги купам симидите - приговорив непотребно бидејќи веднаш сфатив дека нему баш му е гајле за некоја Катерина за која веројатно немаше ни да поверува дека постои случајно ако ја спомнев!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакав да му речам дека тоа веројатно нема да се случи со оглед на моите обврски кон Катерина, но сепак премолчав; навистина бев збунет од неговото однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не беше израдувана од дињчето, веројатно немаше да биде ни од цвеќето, ќе ѝ се ококореа очите само со мирисот на кафето.  - Види што донесов - дигна едно рипче за опавче.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ќе им објасниме и веројатно нема да нѐ вратат назад и нема да ни речат како порано: „Вашата задача засега е во селото ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А јас, слепец, само неколку моменти пред говорот на корбачот ѝ го ветив сиот свет? За тоа Вртанов веројатно нема слушнато!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Всушност ни не претпоставуваше дека по тротоарот, речиси пред Саемските порти, на дофат на гратскиот центар, ќе наиде на раскашавени бели соспи, а влажните чевли веројатно нема да бидат најдобра препорака за високиот и значаен собир.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Луѓето од далечната земја веројатно немале слушнато за нашиот Господ. Уште помалку за неговите вистини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)