веројатно (прил.) - е (гл.)

Натпреварувачката страна нема значај, но целата работа е мошне, мошне пластичка, а тоа веројатно е она што ме привлече кон таа игра.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
140. Веројатно е печатна грешка и треба да стои VII век, бидејќи дури тогаш Словените во Македонија се конечно населени и образуваат посилни племенски сојузи за борба против Византија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ете неколку, меѓу многуте, причини (артикулацијата, транспарентноста, ставот) зошто во ударниот темат на оваа Маргина се поместени есеите на Борис Буден, кој освен што веројатно е најинтересниот хрватски аналитичар на премрежијата меѓу културата и политиката, воедно е и еден од клучните луѓе на мошне значајното (иако со мал тираж) списание „Аркзин“ (на делумно сличен начин како Маргина овде „Аркзин“ е конфронтиран со тамошниот интелектуален естаблишмент).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Веројатно е со ономатопејско потекло.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ти си пијан. Си го испразнил шишето. - Веројатно е дупнато. - Ти си дупнат. Како можеше, а јас да не видам?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вториот „скопски“ автор во овој блок, Драги Михајловски, всушност е битолчанец и веројатно е, со евентуално уште две-три имиња, најдобриот македонски прозаист.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Веројатно е така, Штом така неверно ја остави Светлината да умира сама да се бори сама со темнината, а ти удири броиш како Јуда.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)