веројатно (прил.) - бил (гл.)

Од едната негова страна имаше плитка длабнатина, во која сега седеше Винстон и која, кога биле градени становите, веројатно била предвидена за полица за книги.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
– Почнуваме да се кикотиме: - Веројатно бил осврт на бројот на „Разгледи“ каде ти објавија расказ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Иако овие дела веројатно биле наменети за затворен круг соодветни приматели, Дишан бил доволно интелигентен да знае дека еден ден тие ќе се изменат, но не додека не ги изгубат сите можни консеквенци врз животите на оние на кои им се наменети - како во случајот со вализе- то на Марија Мартинс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За денешната публика се разбира не е веќе неопходно да ги поврзува пораките на Дишан со конкретни личности.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според разговорите што ги водев подоцна со старите жители на селото, во Маказар немало семејство Боте, та заклучив, што набрзо од хартиите и ми се потврди, дека учителот веројатно бил од друго место, донесен можеби специјално од Никола Поцо за да држи училиште на народен јазик и, во тој случај, можеби и живеел во еден дел од куќата на трговецот, та тука останал и неговиот ракопис, спастрен подоцна од семејството Поцо во лимената кутија која, очигледно заборавена, стоела во дупката на ѕидот од потонот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
62 Интересно е да се забележи дека затоа што П. Шатев немал пари да плати билет за полицаецот што го спроведувал, морал уште со двајца, кои веројатно биле во слична ситуација, да патува пешки од Солун до Скопје.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За откривањето на каналот во Цариград имало две претпоставки: прво, дека тој бил откриен случајно - веројатно биле забележани Нанчо и А.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
-Знам, и мојот добар анѓел веројатно бил таму, покрај мене, за да ме посоветува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Монахот веројатно бил уверен дека вистинитите и тревожни пораки најдолго ќе трајат токму на овие страници.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)