веднаш (прил.) - после (прил.)

Херој, рекоа е тој, ама не рекоа дека веднаш после борбата, во трапот си ги переше гаќите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие се втори на метата за жртвување, веднаш после пионите, кои имаат најмала вредност од сите фигури.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ѓорѓиевски е отпуштен од работа со образложение дека „го прекршил работниот ред и дисциплина и бил организатор на незаконски штрајк“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш после добивањето на отказот тој, по консултацијата со претставници од правната служба на синдикатот како и со адвокат (Љ. Т. Илиевски), кој понатаму правно ќе го застапува во сите фази на работниот спор, се решава да покрене работен спор пред надлежниот Основен суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш после приемот на писмената пресуда, во јули 2008, НУЦК – незадоволен од истата, преку својот адвокат (А.Димитровски), поведе жалбена постапка и предметот беше препратен до Апелациониот суд – Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веднаш после потпишувањето на решението за технолошки вишок, Митревски се одлучува за неговиот случај да консултира упатено лице од правната струка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На крајот на мај 2008-та, судијката (С. Мирковска – претседател на советот), и судиите поротници (З. Ѓоргиева и М. Карабеговиќ – како членови), го усвојуваат тужбеното барање на Митревски, при што тужениот НУЦК – Битола беше задолжен: а) да го врати Митревски на работа, на работи и работни за- дачи согласно неговата стручна спрема;9 и б) да му ги исплати парничните трошоци, во износ од 35.570 МКД (585 ЕУР) – а сè во рок од осум дена по доставата т.е. прие- мот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Велеа: „Таа“, веднаш после тоа, кога главниот инженер отишол дома, а оној, Ристан, не можел да биде скриен, како што ги криела до тогаш сите други, бил огромен за да може да биде засолнет некаде, стоел среде собата, а таа висела, како играчка на неговиот врат, здрвен и со отпуштени раце, целиот грч, пред да се впушти во она, каде што го повикувал допирот од нејзините колкови: „Дојди колкав си, одлупи ме, сева, стори ме црвена, усвити ме, како да сум била в постела со сонцето, дојди...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Па, веднаш после конференцијата! - ѝ одврати гласно мајка ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога влегов во "мојата" соба, забележав дека е всушност собата на Никола и дека поради тоа тој мора да спие на друго место, а јас во неговиот син кревет, опкружен со слики од колички, авиончиња, и за мене непознати херои од видеоигри.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Наредниот ден, Петјушка Јашчиков сакаше да скокне на операција веднаш после работа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тогаш, докторката му рече да дојде утре.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
“Сигурно доста време била овде,” му рече еден цајкан со стомаче на еден млад, кратко потшишан цајкан којшто клечеше покрај телото и си ја симна шапката како да се подготвуваше за “бакнежот на смртта”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Лицето ѝ беше скоро сосем покриено со косата. Таа беше кафеава и замрсена на начин како што ни ветерот ни спиењето не би можеле да мрсат коси, замрсена како да ги впила брановите - дебели прамени, лигави како морски алги. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 180
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ја положија на песокта веднаш после линијата од полусуви рибчиња исфрлени од брановите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)