веднаш (прил.) - знае (гл.)

Неговата итрост и рефлекс до тој степен се изострени што тој веднаш знае со кого има работа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Веднаш знаев оти овој пат смртта се престорила во мојата сенка, а јас сенката си ја испив.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Никогаш не го прашував ни како се вика, ни што работи зашто еднаш или двапати го видов како стои во темен костум и бела кошула и си го чека директорот до автомобилот, а тој голем, црн и изгланцан, ја „мерцедес“, ја „БМВ“, не знам, па веднаш знаев дека е шоферче на некој голем буџа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Така фрли, и уште веднаш знаеше дека во своите раце држи една таква ужасна направа, пред која ќе отстапи сѐ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но сите уште веднаш знаеја дека бригадирот Језекил - лаже.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, уште веднаш, штом бичкијата се закопа во трупецот, а тој се поттргна малку настрана за да здивне, онака скапнат, со две врени клопчиња умора под своите мишки, погледот му запре на прозорецот и уште веднаш знаеше дека сега, само уште кусо време, ќе мора да дојде и крајот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веднаш знаев дека тоа е Христина. Така и беше.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој е единствениот жив остаток од Леон.  Самуел Ароести го разбуди силно тропање по вратите. Веднаш знаеше што е.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оние што цереле со треви загнасени рани, косопас, очебол и секакви трески, веднаш знаеле од што е болен и молчеле отпрвин, и се пентареле по безживотен рид изморени од живот на кој не биле свикнати, и биле бришани од ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По смртта на видовитиот Дмитар-Пејко, Неделко Шијак повремено потонувал во златен и зелен жабурник на страв и го шепотел неуспехот што ги чека на крај пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вошката предизвика страшна болка и срам во мене, особено што уште од почетокот на моето вселување во бараката, таа се шетала по мојата снага и ми ја цицала и онака скромната крв, неа не ја поврзав со бараката, со сламарникот на бај Шишко, туку веднаш знаев дека е закандисана од косиштата што ги слупуше Нанчо а после јас спиев на тоа место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но веднаш знаев дека нема да можам да си истурам шише пиво на главата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак кога се свртувам назад веднаш знам дека ние со Милошевски бевме соседи во родниот град.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој веднаш знае дека сакаат да го охрабрат за да не се плаши од боцнувањето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Важно е само тоа дека веднаш знаев, навистина знаев, дека ти си вљубен во Аксја; ајде, признај на мајка ти дека таа ти беше првата симпатија; добро, не лути се; ако не сакаш да признаеш, не сакаш, твое право.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Една чинија може да ги покрие сите три.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го најдов во Самерс салонот и веднаш знаев што треба да направам.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)