вака (прил.) - ќе (чест.)

Го оженив. Така вака ќе се приврзе кон жената.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Јас пазари вака и вака ќе работа вој месец, ќе ми платиш на месецот и ако не ти чини ќе си ода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А Толе се осмели до лудило. Влезе во Ерековци, на саат место од Прилеп, го извади крволокот Авмеда и над Алинци го закла со ножот, та го натера Андона да напише на една пачавра, што му ја закачи на минтанот на градите: „Вака ќе помине секој Турчин шо ќе дигне рака на рисјанин“, Сите давии зборуваа само едно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Тогаш вака ќе направиме: Јас ќе ја претставам работата дека слегов в град да и се пријавам на власта оти си дојдов од Бугарија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ќе речам дека навратив кај побратимов Јордана да се одморам, а ти дојде да ме бараш и да ме заколиш како шпиун.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бе, јас знаев оти вака ќе излезе, ама ете, се излагавме двајцата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина срамота од еден батакчија да се плашиме, ама ете, големи планини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се разбра работата по цело Битолско — Прилепско Поле, а во Мариово веќе слабо се решаваа Турци да навлезат во помал број.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Според ефектот течноста беше нешто како Солна киселина, само со дваесетина пати поголема моќ на разградување. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 58 Славко: До кога Господарот Минго вака ќе нѐ шлапа по космосов?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Не мора да го молиме сега, кога веќе почна да пее. Вака ќе биде цела ноќ.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога вака ќе се стрелнеше ѕвезда по небото баба му велеше дека умира некој човек.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Вака ќе направите“, им рече тој и откако се принамести во столот продолжи: „Дали сите добро го гледате оној хил, врвот на онаа тумба што личи на газер од јајце, под планината, како го викавте!...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ДЕПА: Море, ние немаме касмет, вака сме се родиле и вака ќе се искинеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МАРА: Вратава од одајчето и портата да не ги затвораш, вака ќе останат дури до вечер.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Попустина само што си правиме муабети: вака ќе биде, онака ќе биде.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Еве вака ќе го совладаме крокодилот, - гордо реков.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Немав време да се радувам со нив.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Прилично замелушен, ѝ дозволи да ми го слече палтото, а таа веќе вади црн креон од чантата: - Вака ќе изгледаш позагадочно – ми ги продолжува веѓите, избелува образите, ми ја чешла косата зад уши: - До-бро! Сега, создавај атмосфера.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И никој од нас не мисли дека и тој утре вака ќе биде испратен и дека можеби ова тивко чекорење зад црната кола покриена со цвеќе ќе му биде последниот марш од многуте маршеви.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вака ќе си помисли: ме виде и не ми се јави, што значи нешто треба да има... (Со молење кон мајка си).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
” и се така ми зборуваше едно десетина минути, знаев сета лутина вака ќе ја истури, и стоев простум со слушалката в рака и ништо не приговарав, што можев воопшто да изустам, немаше тука место за приговарање, “Ој, одма!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Чичко Петар, вака ќе правиме!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Помисли попот Никола, па рече: „Вака ќе направиме, ќерко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Бојан, бре…, Бојанчо, маченику мој, постои ли нешто друго по смртта, ах да ме видиш од некоја страна колку ми е мачно, сигурно не веруваше дека вака ќе ми биде. Колку многу смртта твоја ме боли…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Ти размисли разумно: умре како двегодишен, т. е. ги прибра крилцата и како камен падна надолу во длабочината на нашите души, - а вака ќе растеше, растеше и ќе порастеше во некаков тикван.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Еве, тој вака ќе мрмори уште цел саат и ни најмалку нема да се измори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
— Мили боже, мили, — си вели. — Зар ми се вааше вера оти јас мајка ќе се стора, оти челад ќе имам, оти вака ќе се радуам?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И вака ќе им речете на вашите татковци: Луман арамијата ви порачува да му однесете по една златна лира секој, а татко му на јунаков што ќе остане со мене пет.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
СУЛТАНА: Страв ми е. И вака мислам дека сум двајца, вака ќе мислам дека сум четворица.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Шишето го кршиш СМРТ Човек без рака се каса за газ, И џвакаш срча По небото шетам, и без да го допреш исфрла млаз, облаци пасам, 10 годишно девојче со 1100 мажи, А имаш добра работа не ни сонував бебе јаде метални гаражи, Мртовци ти возиш дека вака ќе се спасам. чичко кој од нос вади 100 кила руда, Шлогирани и усрани црно маче игра шах со Буда.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За да ти биде појасно, вака ќе ги објаснам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Добро, најпосле си рекол судијата и го скроил планот. „Вака ќе направиме“, рекол.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
„Е, сега, вака ќе направиш! Пошто сега е лето, дома е ем горештина, ем болвите се раслудувани, ти ќе спиеш на чардак, ама на слугите ќе им забраниш да се приближуваат до чардакот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Зар вака ќе стојам, си мислам, посадена во катран?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама, јас знаев дека вака ќе дојде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Што ќе правиме? До кога вака ќе останеме скриени во грмушките? – шепна Снеже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мене татко ми и мајка ми ќе ме убијат што не сум вратена дома – додаде Мила.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)