Но, кога ќе почувствуваше дека вака сериозна тема може да му натежне, да му го расипе денот, Ласте Думбаровски со мислите ќе се сконцентрираше само на трнот, како магарешки, и на магарето, како такво, ќе ги релативизираше нештата, ќе се опуштеше, ќе ја пикнеше муцката во кожната јакна, ќе се изнакикотеше, и слатко ќе задремеше во фотелјата сместена во малата канцеларија, веднаш до просторијата за прием на стока.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)