Во бројот од 11 август 1959 година атинскиот весник „Катимерини“ вака напиша: „Во селото Атрапос18, Леринско, се одржа свеченост на која жителите од селото се заколнаа дека во иднина веќе нема да зборуваат на нивниот словенски дијалект.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Весникот „Елефтеротипија“, на 7 јули 1959 година вака напиша: „Во селото Каридја,16 во околијата Птолемаида, во дворот на основното училиште се собраа сите жители од селото и откако се одржа свечената богослужба, тие дадоа заклетва дека во иднина нема да зборуваат на словенски дијалект и тоа во секое место и во секое време.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вака напишано и не се чини многу, но што сѐ се случи за тој период – твоето заминување, болеста на татко ти, новите згради околу.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)