Од тврдината сигурно не го гаѓаат полето, во полето и во бавчите, кога не е зима, е распослано бујно зеленило, таму послушно си работи рајата - рајата се плаши дури и од фес, нејзе не ѝ треба топ.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А еве ја мојата поетика, вели Шагал: Имав една крава која ја врзав со синџир за сонцето и таа си пасеше меѓу покривите и ѕвездите, покрај една древна словенска црква, обрасната во бујно зеленило.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)