брзо (прил.) - откако (сврз.)

Затоа се вработила многу брзо откако матурирала во Машката гимназија, како што тогаш ја нарекувале гимназијата „Цветан Димов“.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Но, тогаш попусто се обидував да извршам нужда - бев толку напнат дека пријателот ќе влезе во соба во тој момент или пак брзо откако ќе завршам, па ќе ја почувствува смрдеата како излегува од под вратата - што никако не можев да се опуштам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се чувствував прејадено и сонливо, но се надевав дека ако се концентрирам можеби ќе ми олесни тежината што почна да се претвора во далечна, тапа болка. Но, ништо не се случи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)