брзо (прил.) - брзо (прил.)

И сигурно брзо брзо истрчале надвор и најверојатно се замиле со студената вода од цевката што излегуваше направо од земјата на неколку метра од вратата на бараката.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А истовремено од пластичните чинии брзо брзо исчезнуваа мали ритчиња убаво исечени парченца заруменети кори исполнети со мелено месо.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ете, тоа е причината, пред да се впуштиме во спомнатата авантура со прашања, брзо брзо да го симниме погледот пред нашите нозе и да продолжиме да чекориме по порано одредената патека; дури и ќе го забрзаме чекорот исплашени дека секое подзастанување или одвишно шетање со погледот може да биде погрешно протолкувано па дури и осудено од недобронамерните сограѓани.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но да се вратиме на случајот со индивидуата од пред мојата канцеларија.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)