брзо (прил.) - по (предл.)

А тоа значеше докторите да не трчаат брзо по ходникот со дрвените кломпи, да нема пискотници и врескања, и онаа одвратна стара количка да не свири како раштимувана виолина и да не квичи заедно со несреќницата легната во неа, свесна дека одлежала залудно денови, месеци... Долго, но не и доволно долго.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Што?! - се избезуми татко му на Митко и брзо по телефонот ја побара Противпожарната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Чекорам брзо по тесните сокаци... Светулки, како од фенерот на кочија со бел коњ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Можеби брзо по ова ќе последуваа и некои пакосни веселости на негова сметка, зашто случајот самиот тераше да биде искористен, - но настапи школскиот распуст, девојчето замина во некој град во Србија, а Соколе само одвреме-навреме ќе наминеше во берберницата, дека немаше сега зошто да иде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)