Остро издаденото адамово јаболко во неговиот тенок врат направи изненадувачки брзо движење горе-долу и пивото исчезна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Се разбуди и не можеше да се сети дали сонувал и што сонувал, се отвори, со животворност на цвет, многу побрзо отколку што заспиваше, влажен под кошула и в чевли, сплеткан во чаршафот и со чувство дека низ светкавата, ќурчиски затегната кожа на темето му пробиваат неброј врвови на игли, се рабуди со едно недоизјаснето сознавање предизвикано од шум или од мирис или од продорност на нечии очи и скокна со брзо движење отварајќи ја вратата.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Најпосле ќе проговориш“, рекоа очите под стаклото.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Невенче со брзо движење на рачињата ја отвори тетратката токму пред очите на мајка си. Веднаш да ја види петката.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Тие очи со брзо движење му ја тргнаа превивката од ранетото рамо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)