брзо (прил.) - ѝ (зам.)

Со ножот брзо ѝ сече едно копче од блузата.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Видов како брзо ѝ се менува лицето, ѝ добиваше израз на благост, но и на притаена гордост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку брзо ѝ минаа годините од нејзиното солунско детство до овие времиња, во куќата крај реката, близу мостот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Колку брзо ѝ пролетаа годините на грчката и на италијанската врска!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш брзо ѝ проработи мозокот: "Ако, нека ѝ го земе детето на Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сакав да го спомнам Шефот, но се откажав кога забележав дека по лицето на Ема ѝ прошета и брзо ѝ згасна желбата за насмевка и во истиот миг таа ги собра веѓите и го спушти погледот кој дотогаш упорно ме опсипуваше обидувајќи се да го разбие мојот молк.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Живее кај една моја роднина наблизу, - брзо ѝ реков, со груб глас, за да разбере дека не сум расположена за натамошно распрашување.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)