брзо (прил.) - му (зам.)

И сепак заслугата што се сместија доста брзо му паѓа во дел повеќе на Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Изброените, ск'тени и чувани за најцрните дни динари - брзо му се стопија, исчезнаа од ќесето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јас... - Митко сакаше да рече дека е гладен и нека татко му му купи нешто и брзо му донесе, но гласот од слушалката не му даде да доврши. - Што? - Што?
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Почна да ги распрашува кои се и што се, но брзо му секнаа прашањата во главата па повлече некакво јаже после што во дворот се оѕва ѕвонец, чиниш потплашена коза спрснала да бега.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Мајка му брзо му стави да јаде.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Однатре почувствува лошење како кога се возиш во брз лифт, и како резултат на тоа следуваше слабост, која брзо му се рашири низ целото тело, предизвикувајќи вртоглавица и гадење во стомакот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Монотонијата на секојдневието, забавениот ритам на долгите патувања низ големото пространство на најмалиот континент изненадувачки брзо му ги избришаа од животот спомените за оние што еднаш му беа блиски.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Брзо му помина лутината и сонливоста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Дури тогаш видов дека сите од црнечкото село оделе по мене и виделе што стана со крокодилот.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Крокодилот зина и јас брзо му ја заглавив гранката, во челуста, онака, како што го нацртав пред тоа во црнечкото село.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)