брзо (прил.) - минува (гл.)

Времето брзо минуваше. Татко имаше чувство дека присуствува на автентичните, неповторливи часови на еден единствен универзитет, од човекот кој му беше и толкувач и протагонист во историјата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Времето брзо минуваше. Во еден момент влезе секретарката да предупреди дека моето време истече, а во салонот е друг амбасадор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ама сепак подобра земја на овие простори на Балканот не може да постои. Треба да се бориме за да се спаси!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Соништата ни доаѓаа мигум, набабрени и брзо минуваа како водите на реката.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но времето брзо минуваше. Во градот се спушташе ноќната тишина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)