брзо (прил.) - исчезне (гл.)

Радоста што се разлеа по лицата на присутните, предизвикана од силниот грмеж, брзо исчезна кога се доближија до топчето и го видоа надве распукано.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Моторните чамци брзо исчезнаа во морската шир.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но јоргованите со нивната раскошна миризба како да заминуваа пребрзо со водите на реката, потсетувајќи на вистината дека убавото брзо исчезнува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во огледалото брзо исчезна ликот на Јанте. Оттаму гледаше сега Сашка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И тоа не во индивидуалниот ум, кој може да прави грешки и кој во секој случај брзо исчезнува: туку само во умот на Партијата, кој е колективен и бесмртен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)